Amazon ја претстави својата продавница на „тркала“
Amazon за јавноста ги отвори двете мобилни продавници на тркала, откако ги поминаа тестирањата на локациите кои ги направија вработените во Amazon. Двете продавници се наоѓаат во подрачјето на Сиетл, а во нив претплатниците на услугите на Amazon Prime после онлајн нарачка можат да одберат една од засега двете локации на кои сакаат да ги земат купените производи, пишува The Verge.
Корисниците кои плаќаат дополнителни 14,99 долари месечно за услугата Amazon Fresh, намирниците ќе им бидат припремени за подигнување во рок од 15 минути откако ќе нарачаат. Останатите купувачи ќе мораат да почекаат најмалку 2 саати од нарачување до подигнување на нарачката.
Amazon моментално во Сиетл ја тестира и продавницата со прехранбени производи во која нема да има благајник. Тој футуристички концепт е соочен со бројни технички проблеми и дефекти во текот на пробната работа, поради што и нејзиното отварање за јавност е одложено.
Со овие проекти Amazon се обидува што подобро да се позиционира во однос на американските гиганти како што е Walmart, кои неодамна презеде удел во другите ланци.
Amazon Fresh Pickup функционира така што кога корисникот првпат ќе ја посети локацијата, вработениот ја внесува ресистарската таблица на возилото и името на корисникот во системот на Amazon, и секоја идна посета читачот на регистарски ознаки ќе го препознае корисникот и ќе даде сигнал до вработените за до автомобилот да му ги донесат нарачаните производи.
Како изгледа тоа во пракса може да погледнете на видеото.