LinkedIn и Google: Вештини, а не дипломи

На конференција што се одржа неодамна, директорот на LinkedIn, Jeff Weiner, објасни како компанијата бара одлични работници. Тој вели од вработените бара страст и енергија, работна етика, истрајност, лојалност, желба за напредок и го додава следното:

“Тоа се квалитети кои не секогаш одат со степенот на образование и често се превидуваат кога се гледаат биографии или профили на LinkedIn. Но сепак, неверојатно е што сфаќаме дека ваквите луѓе најмногу придонесуваат за една организација.  Се повеќе ја слушам оваа мантра: вештини, а не дипломи. Вештините не ги исклучуваат дипломите. Само ни даваат широка перспектива да идеме подалеку од диплома”

Четирите збора кои го менуваат целиот процес на вработување :

Вештини а не дипломи.

Некогаш се фалевме како ги вработуваме луѓето од најдобрите универзитети, и многу други компании од Силиконската долина ја правеа истата работа”објаснува Weiner и додава дека тој и неговиот тим многу брзо сфатија дека на тој начин прекрасните таленти остануваат неоткриени.

Lazlo Bock авторот кој има бестселери и  бил некогашен главен човек за човечки ресурси на Google за The New York Times објасни зошто во Google се повеќе вработуват луѓе кои немаат никави факултетски дипломи:

„За 2 или 3 години способноста за работа веќе нема никаква врска со тоа какви сте биле во школо затоа што вештините кои некогаш биле потребни во школо се менуваат. Исто така, вие сте фундаментално друга личност. Учите и напредувате, размислувате за работите поинаку“ објаснува Bock.

Затоа Weiner и неговиот тим им даваат шанса на талентираните, паметните, вредните и мотивираните луѓе кои можеби немале шанса и средства да се образуваат туку биле принудени да работат и да заработуваат пари. Многу пати ваквите вработени се покажувале како клучен елемент за развој во нивните компании.

error: Content is protected !!