6 лекции од LeBron James кои можат да ги научат претприемачите

LeBron James e совршен шампион затоа што отсекогаш тренирал како некој што е загрижен дека нема да се најде во тимот. LeBron James е еден од најголемите кошаркарски таленти кои светот некогаш ги видел.

Суперѕвездата од NBA може да им понуди многу лекции на претприемачите, а сајтот Entrepreneur издвојува шест мудрости кои претприемачите можат да ги научат од LeBron James.

1. “Позиционирање на пазарот”

James напорно работеше за да го “капитализира” својот природен талент, што го направи посакуван како перспективен играч. Секогаш идеше над очекувањата и заработи пофалби уште во средно школо, и веднаш го сврте вниманието на професионалните тимови кои беа во потрага за млади таленти.

Претприемачите од LeBron можат да научат дека позиционираето на пазарот и брендирањето се клучни за долгорочен успех.

2. Прилагодливост

Можеби највпечатливите моменти во долгата играчка кариера на LeBron James се неговите натпревари со својот Cleveland Cavaliers. LeBron ги менуваше местата за претстој и тимовите, но никогаш не прекина со своите добри игри. Играта на LeBron во Miami Heat и двете последователни титули е јасен пример за прилагодливост.

Претпримачите можат од LeBron да ја научат вредноста од прилгадувањето на своето работење кога е во прашање пристапот кон различна публика за да можат да го одржат успехот во маркетингот.

3. Истрајност

И покрај тоа што LeBron, промени неколку тимови, секогаш покажуваше желба за успех. Иако со Cleveland имаше релативен успех (во првиот престој со екипата стигна до финале, но не и до титулата) LeBron  ја искористи шансата да иде чекор понапред (заминувањето во Miami) за да постигне уште поголем успех за и понатаму да ја проширува сликата за себе како кошаркарска ѕвезда.

На истиот начин, претприемачите мораат да научат да преземаат ризик и да бидат спремни да ја шират свеста за брендот.

4. Лојалност

Откако приказната со предавството во Cleveland заврши, можеме да зборуваме за возбудливот дел- неговото враќање во Cleveland Cavaliers. Се е опростено откако LeBron донесе одлука да се врати во својот поранешен тим, поранешните фанови и родното место во Охајо. Со враќањето во Cleveland Cavaliers не само што ја врати довербата во старите фанови, туку демонстрираше и длабока лојалност.

Бизнисите од LeBron можат да научат дека отфрлањето на нешто големо во корист на вистинските фанови и најпосветените луѓе може да биде многу добро за нивниот имиџ.

5. Конзистентност

Тоа што можеби е најимпресивно во врска со LeBron James е неговата конзистентно добра игра. Никогаш до крај не е задоволен и поставува високи стандарди за себе и играчите на терен. Позади себе има 3 освоени титули и бројни идивидуални и тимски награди, и тие се доказот за неговата константно добра игра.

Претприемачите можат да научат од LeBron значајноста на постојаниот труд. Моменталниот успех никогаш не е изговор да застанете

6. Соработка

Може со часови и часови да се анализираат неверојатните игри на LeBron, но некои од најсјајните лекции можат да се научат надвор од теренот. Пред кратко време LeBron го прогласи Gregg Popovich за најдобар тренер на сите времиња. Popovich е човекот кој го има победено во два NBA плеј-офа, така да може да изгледа како изненадување тоа што LeBron го пофали. И покрај нивниот ривалитет, LeBron покажа голема зрелост, како и дека знае да ја цени посветеноста на NBA тренерот.

Почитта на LeBron кон тренерот може да ги научи бизнисите за моќта и значајноста на соработката.

Сите очекуваат од LeBron James да не научи некои работи во врска со кошарката но исто така тој може да не научи и многу за постигнување успех во бизнисот.

error: Content is protected !!