Прогласен најдобриот претприемач за оваа година

Канаѓанецот Murad Al-Katib претседател на компанијата AGT Food and Ingredients, е прогласен за овогодишен светски EY претприемач на годината.

Al-Katib оваа титула ја освои во конкуренција на 59 претприемачи од 49 земји од целиот свет, кое своето место на финалниот избор го осигураа откако беа прогласени за национални победници.

Al-Katib е прогласен за најдобар претприемач не само поради успешно развиениот бизнис, туку и поради помошта што ја давал на бегалците. Во својот говор откако ја прими наградата, ја истакна важноста на социјалното претприемништво.

Тој компанијата ја основал во 2001 година, и создаде деловна “империја” која снабдува преку 120 земји низ целиот свет со леќа, леблебија, грашок итн. Компанијата излезе на берза во 2007 година и ги зголемува своите приходи за околу 100 милиони долари на годишно ниво, а минатата година тој приход изнесувал 1,4 милијарди долари (колку половина од македонскиот буџет).

Своето производство и дистрибуција ги користи и за праќање на преку 4 милиони пакети храна како помош за бегалците од Сирија.

Интересно е неговото мислење за светската исхрана. Тој во една прилика ја истакна важноста на водата како ресурс на земјата, и дека исхраната на светската популација мора да се промени бидејќи “леќата бара помалку вода за производство од говедото”.

„За да ги оствариме целите во иднина кога е во прашање исхраната, мораме да создадеме 2 милијарди вегетеријанци“ рече Al-Katib

error: Content is protected !!