Адиент ја отвори својата фабрика во ТИРЗ Струмица

Американската компанија „Адиент“ денеска во технолошко-индустриската развојна зона во Струмица официјално ќе ја отвори својата фабрика.

Во фабриката, која што е прв капацитет во ТИРЗ Струмица, ќе се произведуваат навлаки за автомобилски седишта. Инвестицијата изнесува 20 милиони евра, а според првичните најави, предвидени се 1.500 вработувања.

Во новиот капацитет, изграден на површина од 13.000 метри квадратни, треба да бидат префрлени 750-те работници што ги ангажираше „Адинет“ во браунфилд погонот во Струмица, а до крајот на годината уште 400 нови вработувања.

Изградбата на капацитетот почна пред една година, а инсталацијата на опремата и машините кон крајот на април.

error: Content is protected !!