7 утрински навики кои му помогнаа да направи бренд од милијарда долари

Tom Bilyeu е успешен претприемач чии што видеа на Youtube за многумина се инспирација и мотивација а ги имаат прегледано преку 162 милиони луѓе. Неговата компанија Quest Nutrition е проценета на преку милијарда долари, како што пишува Success. Како што објаснува тој, поголемиот дел од својот ран живот го поминал во кревет смислувајќи изговори зошто од него да не стане цел ден. Овие утрински навики му помогнаа да го среди својот живот и да го живее својот сон.

Спиење

Неговата утринска навика, всушност започнува уште во вечерта. Тој скоро цела деценија не користи аларм, а клучот е само во добра организација на времето и во тоа да имате доволно сон. Способноста за спознание на тој начин се развива и перформансите во текот на денот ќе бидат подобри. Затоа најбитна работа е спрема сонот да се поставите како да е најважната обврска за тој ден.

Вежбање на телото

Tom во утринскиот тренинг ја пронаоѓа мотивацијата за цел ден. Иако тој самиот не е еден од оние мажи кои што обожаваат да идат во теретана, тој тренира пет пати неделно. За негова среќа тој има теретана во својата куќа и чим стане од спиење во неа ќе помине десетина минути. Тоа што е тука најважно е развивањето на дисциплина која е круцијална за постигнување успех. Издржливста и истрајноста идат заедно во оваа кошничка, а само оние кои ја засилуваат својата волја успеваат.

Вежбање на умот

Не е доволно да го вежбате само телото, вежбајте го и умот. Вашето тело е одраз на вашиот ум. Тој нагласува дека откако ќе заврши со тренингот прави медитација. За успех во работата најважен е фокусот, а тој се тренира првенствено со ментални вежби и смирување. Техниките на дишење се златно правило на отпуштен и релаксиран ум и организам.

Размислување

Размислувањето е подеднакво важен процес како и медитирањето. Новиот поим ’thinkitate’ е размислување и медитирање кое претставува едно од најкреативните состојби на умот и се сметка дека предизвикува бета бранови.

Читање 

Како што Tom наедува најдобрата формула во која во животот се води е влез на идејата=излез на идејата. За да можете да продуцирате иновации и креативни идеи, морате да го нахраните својот мозок со нив. Од големо значење е да ги изместувате вашите работи од секојдневната рутина и да гледате на работите од друг агол за да можете да ја видите широката слика.

Листа на најважните работи

Секое утро, направете список на најважните деловни работи за тој ден и решавајте ги по тој редослед. Доколку нешто не го решите за три дена избришете го од списокот бидејќи е очигледно дека не е доволно важно. Најважните работи мораат да бидат на врвот на листата.

Игнорирање на e-mail-ови

Наутро прво посветете се на важните задачи кои се пред вас, и не давајте приоритет на пораките кои само се собираат. Tom своите e-mail-ови ги проверува после пет до седум саати продуктивна работа. Исто така се труди со e-mail-овите да не се занимава подолго од еден саат.

error: Content is protected !!