Од добро (3) – кон Одлично (5) “Само еден чекор не дели”

Што треба да направи новата влада, што ни една друга не го направила досега, а ќе предизвика огромна разлика?

Одговорот на ова прашање ќе го понудам во форма на две клучни изјави на двајца врвни светски бизнисмени и експерти во овој домен.

– Културата ја јаде стратегијата за доручек. Питер Дракер

– Ако не ја промениме нашата култура, нема никогаш да ги постигнеме нашите највисоки цели. Кеес Крутхоф – UNILEVER Brazil

Одговорот на горното прашање е единственото зборче што се повторува во двете изјави – токму така КУЛТУРА.

Новата Влада ќе има Одлични (5) резултати ако и само ако, покрај новите стратегии, работи темелно на подобрување на вредностите на лидерите и културата во институциите.
Во спротивно, ќе вергла како и сите досегашни македонски влади.

Да појаснам: во организациски и бизнис контекст, културата се дефинира како збир на вредностите и однесувањата на луѓето во еден систем (тим, организација, нација). Културата е енергијата во тој систем и е одсјај на вредностите на моменталните и претходните лидери на системот.

Од мерењето на културата направено во 2009 во Македонија (за кое опширно пишувам во книгата Дејамантско Лидерство), се гледа дека во тогашната култура на нацијата, се наоѓаат 9 лимитирачки и крајно непродуктивни однесувања: невработеност, несигурна иднина, сиромаштија, корупција, бирократија, еколошко загадување, криминал/насилство, непотизам и обвинивања.
Истиве штетни однесувања зафаќаат 48% од сите наши колективни активности – или во превод, скоро секој втор ден во Македонија е непродуктивен.

vrednosti slika
Овие лимитирачки однесувања тешко дека ќе се променат или исчезнат само со смена на владеачкиот тим, тие се длабоко вкоренети во ткивото и во ДНК-то на нашите лидери, бизниси, институции и граѓани и новното потекло оди далеку во претходните влади и лидери.

Дополнително, перфомансите или резултатите во еден систем/бизнис, можат накратко да се дефинираат со следнава равенка.

П = И х К

Перформансите се збир на активностите/стратегиите помножени со квалитетот на културата.

П – перформанси
И – Интервенции/стратегија
К – Култура

Е сега ако ја користиме равенката која ја дадов погоре, веднаш ќе стане јасно зошто културата е единствениот клуч кој недостасува и кој може да ја направи огромната разлика во стандарот и квалитетот на животот – кој сите со душа го посакуваме.

Ако културата ни е слаба, слаб ќе биде и крајниот перформанс, без разлика на квалитетот на стратегијата.

Секој тим може да создава нови стратегии. Можеме да имаме нови стратегии секој ден, но доколку стратегиите и активностите не се поддржани од културата тогаш џабе е и да имаме најдобра стратегија.

Треба да се работи на трансформација на штетните однесувања и нивната процентуална застапеност кај лидерите, во бизнисите и во државните институции.

Само промената на вредностите во културата на сите нивоа, ќе го донесe посакуваниот економски раст и ќе го зголеми квалитетот на животот на граѓаните.

Културата е клучот кој треба и мора да биде примарната стратешка определба не само на оваа туку на секоја последователна влада – во спротивно продолживме да вергламе.


Виктор Куновски

Виктор Куновски е сертифициран консултант за мерење и менаџирање со организациска култура…повеќе
Тој е автор на книгата Дијамантско Лидерство која можете да ја добиете на следниот линк.

error: Content is protected !!