Continental co BMW и Intel влегува во проект за автономни возила
Continental објави со вторникот дека ќе се придружи на платформата за самоуправувани возила кои ја развивааат BMW, Intel и Mobileye, а германскиот произведувач на автомобилски делови и гуми ќе работи на интеграција на компонентите и софтверот.
Трошоците за интеграција на хардвер, софтвер и податоци како и забрзаното темпо на развој на самоуправувани возила поттикнаа се поголем број на сојузи помеѓу произведувачите на автомобили и добавувачите.
Continental е вториот најголем светски произведувач на делови за автомобилската индустрија, порача дека ќе игра клучна улога во комерцијализацијата на новата платформа, која ќе биде продадена и на другите произведувачи на автомобили.
“Можеме да се носиме со зголемените барања во подрачјето на автономното возење преку широка соработка на ниво на индустрија многу по сеопфатно, побрзо и со ниски трошоци отколку сами да влегуваме во проектите ” напиша извршниот директор на Continental, Elmar Degenhart во изјава што ја прати по електронска пошта.
Германскиот автомобилски гигант BMW уште минатата година ги здружи силите со американската технолошка компанија Intel и израелската компанија Mobileye, специјализирана за развој на системи базирани на визуелни податоци за подобрување на сигурноста на патиштата и избегнување на несреќи.
Започнувањето на производството се планира до 2021 година а американскиот произведувач на автомобилски делови истотака се придружи на заедничкиот проект.
Германскиот произведувач на луксузни автомобили Daimler, покрена сличен заеднички проект со германската компанија за производство на автомобилски делови Robert Bosch, а со цел забрзување на развојот на автономни возила.