Истрајноста е една од најпотценетите вештини на успешните луѓе

Постои стапица во која е лесно да се влезе и ако се фатите за неа, ќе изгубите многу добри можности во вашиот живот. Стапицата е во тоа што ги набљудувате успешните луѓе и претпоставувате дека они имале среќа.

Можете да мислите дека тие добиваат одлични идеи веднаш и никогаш немаат проблеми со постигнување на нивните цели.

Вашиот впечаток може да го засили постојаното медиумско прикажување на успешните луѓе кои вoдат совршени животи. Но ако размислувате на овој начин, не сте во право.

Успешните луѓе се соочуваат со проблеми исто како и вие

Вистината е дека многу успешни луѓе не станале успешни затоа што немале проблеми, туку затоа што не дозвoлиле да ги спречат. Тие се истрајни кога ќе се соочат со проблеми.

Следниот пат кога ќе пробате да направите нешто возбудливо, немојте да се откажете кога нешто нема да иде како што треба. Очекувајте да се појават проблеми. Што повеќе предизвици има во вашите соништа и колку вашата амбиција е поголема, толку е поверојатно дека ќе наидете на проблеми во нејзиното оставарување. Доколку знаете дека нешто ќе тргне наопаку, помалку е веројатно дека ќе се откажете кога ќе се појават тешкотиите.

Фактот дека со соочувате со потешкотиии гледајте го како знак дека напредувате. Проблемите ќе се појават само затоа што сте оствариле извесен напредок. Кога ова ќе се случи, немојте да се муртитите, наместо тоа, насмевнете се на себеси и помислите- ,, Јас навистина успевам бидејќи ми доаѓаат овие клучни проблеми”. Решете ги еден по еден и вие ќе постигнете тоа што го сакате.

Добрата вест е дека постојат само мал број проблеми кои навистина не можете да ги надминете. Обично постои решение за секоја ситуација или можност да се заобиколи. Ќе биде потребно малку размислување и труд за да се пронајде, но ќе се чувствувате одлично кога на крајот ќе го пронајдете.  Од друга страна пак ако тоа што сакате да го напраите е лесно тоа не би било некое постигнување. Истрајноста во надминување на проблемот е тоа што на постигнувањето му дава вредност.

Соочување со проблемите

Постојат голем број на начини за решавање на проблемот и секоја проблематична ситуација има свое сопствено решение. Сепак, постојат неколку едноставни принципи за нивно решавање.

1.Размислете пред да почнете да делувате: Некои проблеми можат да се избегнат ако размислете пред да направите нешто. Кога сакате да направите нешто што е со многу предизвици, размислете што е најверојатниот проблем кој може да се појави. Доколку го направите ова, ќе откриете дека многу проблеми можат да се избегнат уште на самиот почеток.

2. Избегнувајте да создавате сопствени проблеми: Некои проблеми ние самите ги предизвикуваме. Запрашајте се дали навистина го правите тoa што е потребно. Лесно е да се самозалажувате кога не го вложувате потребниот труд. Дали ја користите помошта на луѓето што ви одговараат да ви помогнат? Доколку ви е потребна помош барајте ја! Доколку работите со други луѓе, дали тие навистина разбираат што сакате да постигнете? Само вие знаете што се случува во вашата глава, доколку не одвоите време јасно тоа да го претставите на другите. Дали сте параноични и премногу го преиспитувате тоа што пробувате да го направите и измислувате проблеми кои всушност не постојат? Многу е лесно да се измислат проблеми кои всушност не постојат!

3. Фокусирајте се на проблемите кои морате да ги решите: И ако навистина успеете да ги примените принципите кои ги опишавме, проблемите пак ќе се појават. Кога тоа ќе се случи одредете точно што е навистина проблемот пред да почнете да пробувате да го решите. Размислете за него, “скршете” ги големите проблеми во мали и решавајте ги постепено чекор по чекор.

За истрајност е потребна вежба

Успехот не се состои во избегнување на проблемите – тој се состои во истрајност и надминување на потешкотиите. Ако навистина сакате да учите од најуспешните луѓе, а не само со завист да сонувате за нивниот успех, пробајте да дознаете за проблемите со кои се соочиле на својот пат и како ги надминале. Ќе научите многу повеќе на тој начин отколку ако читате за нивните успеси и за тоа како нивните животи биле совршени.

За истрајност е потребна вежба. Сите одвреме навреме сме обесхрабрени од проблемите. Но со колку повеќе проблеми се соочувате, повеќе од нив ќе ги надминете. Колку повеќе проблеми сте решиле ќе станете толку подобри во нивното брзо решавање, и што е исто толку важно помалку ќе се грижите кога ќе се појават нови.

error: Content is protected !!