Половина од електричните автомобили наскоро од Кина

Кинеските произведувачи на автомобили би можеле до 2020 година, да произведат 49 од 103 нови модели на електрични автомобили на глобално ниво благодарение на настојувањата на Пекинг да го забрза преминот од фосилни горива на батерии, покажува прогнозата објавена во средата.

Во американската консултантска компанија AlixPartners истакнуваат и дека кинеските капацитети за производство на литиум-јонски батерии до 2021 година треба да достигне речиси 2/3 од глобалниот капацитет, а Пекинг уште сега ја подржува продажбата на домашни модели на електрични автомобили на најголемиот автомобилски пазар на светот.

Кинеските произведувачи уште сега држат 96% удел во домашниот пазар на електрични автомобили, стои во анализата на AlixPartners . Минатата година на кинескиот пазар се продадени околу 350 000 електрични автомобили, што и понатаму е помалку од 2% од вкупната продажба.

До 2025 година трошоците за производство на батерии за електрични возила треба да се приближат или дури и да се изедначат со оние за производство на мотори на гориво со внатрешно согорување, проценуваат во AlixPartners , а пониските трошоци за батерии би можеле според нив да го поттикне интересот на купувачите за електричните автомобили.

Клучна улога во настојувањата на произведувачите на автомобили да ги придобијат неодлучните купувачи ќе одиграат други фактори, како значајно краткото време за полнење на батерии, изјави во разговор со новинарите на собирот во Детриот глобалниот потпретседател на AlixPartners, John Hoffecker. Од AlixPartners притоа предупредуваат дека многу од 50-те кандидати за развој на автономни автомобили на крајот ќе испаднат од трка. “Невозможно е да очекувате дека ќе имате 50 успешни произведувачи на автономни возила” кажа Hoffecker.

Во консултантската куќа истакнуваат и дека и во САД произведувачите на автомобили ќе мора да се борат за финансирање односно вложување во нови технологии со богатите играчи од технолошката индустрија како Apple и Alphabet,  и тоа во моменти кога продажбата на автомобили и помали камиони е на најниска точка од циклусот. Се предвидува дека продажбата на автомобили и лесни камиони во САД во 2019 година, ќе падне на 15,2 милиони, што би било 13% помалку во однос на минатогодишниот врв. Останатите аналитичари во САД исто така предвидуваат забавување на продажбата на возила во следните две до три години.

error: Content is protected !!