Приватна Држава Атлантис

#Seasteading идеологијата на Патри Фридман (внукот на големиот Милтон) е идеа за основање на нови држави на отворено море. За оние кои незнаат, меѓународните води официјално се ничија територија, додека на палубите на бродовите кои пловат во меѓународни води, важат закони на државата под чие знаме бродот плови. Систединг идеолгијата веќе има неколку институти во САД, и нивната идеа е формирање на комплетно нови држави на отворено море, најчесто налик на нафтените платформи. Освен Патри Фридман, во Систединг институтот се и Џо Квирк, и Даниеле Микелсон, политиколози од Универзитетите во Вашингтон и Минесота. Сите овие луѓе се обединети околу идеата дека меѓународните води треба да се освојуваат основајки нови држави со нови општествени системи.

Постојните држави кои го држат копното се премногу агресивни, и би можеле со примена на насилство да ја угушат секоја идеа за формирање на нова држава, односно било која сецесија. Веќе има најава за изградба на микро-држави низ пацификот (Француска Полинезија) додека последна е идеата за формирање на пловечка микро-држава во близината на Хаити…ама за сега се се тоа нацрти, пауер поинт презентации, додека систединг држава нема никаде на видик.

Кој би дал пари за некој да си направи држава? Ова е прашање кое постојано сум им го поставувал на Сеастединг Институтот (кои се се, само не либертаријанци) и бидејки не сум добил некој конкретен одговор, не значи дека идеата им е фалична, или не дај боже лоша. Идеата им е супер, но после толку години НИКАКОВ проект, мислам дека со одговор на ова прашање идеата не само што би добила на издржаност, туку би била и добра теоретска основа за конечно отпочнување на изградба на такво нешто.

Пари за такво нешто би можеле да дадат приватни инвеститори, финансиски групации, кои би биле фактички сопственици на целиот проект, и нормално, доколку истиот за нив подразбира конкретен интерес. Кога велам интерес, мислам на солидна дивиденда, која би била и долгорочно одржлива. Инвестиционите Фондови, Инвестиционите Банки, големите осигурителни компании и сличните финансиски институции, годишно по светските берзи инветираат десетици трилиони долари, кои понатаму носат камати и дивиденди…за нив, и за нивните клиенти.

Приватната Држава Атлантис би била токму такво нешто, пловечки објект кој би овозможил деловни активности со многу мал данок, далеку помал од стандардните држави на копното. Атлантис би имал само еден данок, ДАНОК НА ДОБИВКА, кој би го плаќале единствено правните лица и би изнесувал 7% од целокупната годишна добивка. Прогресивните даноци во Европа и САД се движат од 10% па се до преку 40% а постојат и многу други даноци освен оној на добивка. ДДВ, данок на имот, персоналец, придонеси, акцизи, царини и сл…на Атлантис НЕ би постоеле.

2-3% би биле одвоени за исплата на дивиденда за инвеститорите. Тоа е сосема доволна дивиденда, имајки во предвид дека најголемите корпорации најчесто даваат дивиденда во висина од 1,6 до 2,5% од вложените средства. Со 2-3% дивиденда од вкупната економија на Атлантис, сметам дека може да се привлечат сериозни инвеститори.

Останатите 4-5% би биле трошени првенствено за одржување на редоти и мирот, како и за техничко одржување на пловните објекти.

Атлантис би имал неколку десетици полицајци и техничари за одржување, суд, една канцеларија која би го регистрирала имотот и фирмите (како катастар и централен регистар во едно) и една канцеларија која би се занимавала со даноците и нивната потрошувачка. Толку!

Како приватна држава, чии пловен објект е во приватна сопственост, Атлантис HE би имал класичен устав, донесен од изгласан парламент, потпишан од изгласан претседател. НИШТО ОД ТОА! Атлантис фактички би имал еден вид на КУЌЕН РЕД, во кој се гарантира приватната сопственост стекната, изградена или донесена на Атлантис од страна на правните и физичките лица. Би се гарантирале економските и граѓанските слободи на секој поединец, не би постоел никаков закон со кој се дискриминира или фаворизира било каква група на луѓе. Значи Атлантис би бил баш либертаријанска држава, односно далеку полибертаријанска од сите постоечки. Да, возможна е либертаријанска држава без парламентарна демократија. „Куќниот ред“ на Атлантис би бил сведен на листа на индивидуални права, слична на Bill of Rights во САД, додека малкуте регулативи би се однесувале воглавно на инфраструктурата која би ја граделе идните жители.

Имајки во предвид дека се работи за огромен, но сепак пловен објект, не би можело (на пример) да се градат облакодери, нормално истото би се однесувало и на нуклеарната технологија, додека пристапот до Атлантис би бил возможен само по воден пат…барем на почетокот. Понатаму:

– Слобода на говор НЕОГРАНИЧЕНА, без било каков закон која ја регулира,
– Слободна трговија НЕОГРАНИЧЕНА, без било каков закон која ја регулира,
– Слободен проток на капитал (прилив и одлив на фин.средства) НЕОГРАНИЧЕН без било каков закон кој го регулира,
– Берза/пазар на капитал без никакви законски ограничувања,
– Неограничено слободно располагање со сопственото тело, без никаков закон кој истото го ограничува.

– Снабдувањето со електрична енергија , храна, вода, образование и здравство, е проблем на секој поединец, односно оставено му е на слободниот пазар. Може било кој да инвестира во овие сектори, или истите да си ги набави од копно, или истите да ги продава на било кој жител на Атлантис…со единствен предуслов, кој би подразбирал незагрозување на инфраструктурата на пловечката држава.

Во кратки црти, вака би бил организиран животот на Атлантис.

Најефтините џиновски пловила кои моментално постојат се танкерите од типот Knock Nevis, Jahre Viking, Happy Giant, Seawise Giant.
Тоа се танкери долги околу 500 метри, широки 70 метри. Секој од нив има носивост од ПРЕКУ 400 ИЛЈАДИ ТОНИ. Цената за изградба на еден танкер од ваков тип е околу 200 милиони долари во Азија. Во Европа е речиси двојно повеќе. Главната инвестиција кај овие бродови е изградбата на командната кула, моторите и резервоарите. Без командна кула, мотори и резервоар, само со механизам за сидрење, каков што е потребен за изградба на Атлантис (значи голо пловило) чини околу 80 милиони долари.

Изработка на 100 вакви бродови би чинела околу 8 милијарди долари. Бродовите би биле поредени по 10 бродови во ширина и 10 бродови во должина. Значи Атлантис во должина би бил 5км, во ширина 700 метри. Тоа се 3,5 квадратни километри. Колку за споредба, Монако има 2км квадратни и е веќе познат како даночен рај.

Кој би имал интерес да се насели/работи или инвестира на Атлантис? Тука е пред се финансискиот сектор, големите банки, осигурителни куќи, фондови…понатаму, производтвото и трговијата со драги и полудраги камења, и со племенити метали кои се високо оданочени дури и во оф-шор зоните…трговски посредници, производители на луксузни пловила, производители на риба и производи од риба…фирми за изработка на софтвер, мултинационали корпорации кои нудат прекуокеански бродски транспорт, итн.

Како иницијатор на оваа идеа, освен англискиот, како службен јазик, чисто формално, јас би го вовел и македонскиот( за инает на евро-душманите). Моментално е во тек изработка на знаме и химна на Атлантис, како и 3Д проекција на целата држава. За локацијата и останантите детаљи…о том, по том.

William Billy Campbell

error: Content is protected !!