Повеќе од половина од невработените во Германија се странци!
Скоро половина од невработените во Германија се граѓани со мигрантско потекло, а повеќе од половина од луѓето кои примаат финансиска помош се исто тако со потекло од странство, пишува Die Welt повикувајќи се на податоците од Сојузната канцеларија за вработување.
“Од 2,6 милиони невработени 43,1% се граѓани со миграциско потекло. Во западните делови на Германија, во кои живеат и повеќе странци, тој процент е и многу поголем и изнесува преку 50%” пишува Die Welt.
Интересен податок е дека хрватите во Германија спаѓаат во групата странци со најниска стапка на невработеност. Спрема последните статистики од јануари, од 240 000 хрватски државјани со престој во Германија без работа биле само околу 9000.
Помеѓу 4,3 милиони луѓе кои примаат помош за невработени и помош за лица со мали приходи кои се недоволни за живот, уделот на мигирантите е 52,4%.
Луѓето со мигрантско потекло, спрема последните податоци од крајот на 2015 година, биле 21% од вкупниот број на жители.
Тие луѓе при што се мисли на лица со странски пасош или германски државјани кои се или сами родени како странци или еден од родителите им бил странец, веќе со години претставуваат најголема бројка помеѓу невработените и посебно помеѓу долготрајно невработените лица.
Експертите наведуваат неколку причини за нивната натпросечна застапеност меѓу невработените.
“Денешните статистики се одраз на политиката за вработување странци во седумдесетите кога се вработувани странци без квалификации или со ниски квалификации што се одрази на школската и образовната кариера на другата генерација” стои во една студија на Сојузниот уред за вработување под име “Мигрантите и пазарот на труд”.
Образовниот успех зависи и од потеклото: речиси 90% од потомците на кинеските имигранти ќе стекнат матура, кај турците таа бројка е само 16%.