50 милиони евра за стартапи од централна и источна Европа

OXO Labs кој помага во финансирањето и акцелерацијата на стартапи од CEE регионот (централна и источна Европа), заедно со Европскиот инвестициски фонд во рамките на InnovFin Business Angels заедно ќе пружат финансиска поддршка на стартапите од централна и источна Европа. Така е формиран OXO CEE Angel fund од страна на InnovFin – EU Finance for Innovators иницијативата вклучена во програмата Horizon 2020 како и европскиот фонд за стратешки инвестиции (а со оглед дека Македонија во Horizon 2020 програмата е придружен член значи дека оваа програма ќе биде достапна и за македонските стартапи).

Во договорот помеѓу EIF и OXO Labs подразбира дека стартапите во раната фаза на развојот до крајот на годината ќе бидат финансирани од фонд што вреди 50 милиони евра,а дека просечниот износ по инвестиција ќе изнесува три милиони евра. Од OXO ќе бидат вклучени во менаџментот на OXO CEE Angel fund, инвестициски советници, но ќе бидат вклучени во процесот на селекција и управување со портфолиото од фондот. Покрај тоа, фондот направи партнерства со ангел инвеститорите од регионот заради заеднички вложувања па компаниите кои ќе добијат инвестиција можат да го искористат и искуството и контактите од своите инвеститори.

error: Content is protected !!