Совет од бизнис ангел и претприемач за тие кои сонуваат за свој бизнис

Колку пати имате помислено или сте слушнале- Го чекам уште ова да се случи па тогаш ….

Што мислите од кого ви треба дозвола пред да си дозволите да ги следите своите соништа и да бидете успешни?

Чекаме, секогаш нешто чекаме – да ни дојде некоја прилика па да се покажеме, околностите да се променат или тајмингот да биде совршен. Чекаме некој фактор за кој мислиме дека ни е потребен за да бидеме среќни или да ни донесе успех.

И најверојатно до тоа никогаш нема да дојде. И на жалост, чекањето е тоа што не спречува да бидеме успешни.

Серискиот претприемач Chris Schultz, зборуваше за тоа што би им порачал на амбициозните претприемачи. Еве во една реченица еден од најдобрите совети кој ќе го слушнете:

“Не чекајте некој да ви даде дозвола”

Сите тоа го правиме. Не се чувствуваме доволно силни да си дадеме дозвола на самите себе, и така го користиме недостатокот од “надворешна потврда” како изговор. Вие сте ретка и многу среќна личност ако имате некој покрај себе кој ќе ви рече дека има смисла да започнете бизнис, или дека сте го направиле вистнскиот избор бидејќи ги следите вашите соништа.

Поискусните ќе ви кажат: ,,Подобро е да молите за прошка, отколку да прашувате за дозвола”

Немојте да го трошите времето на чекање некој друг да ви каже дека е во ред да ги следите вашите соништа.

Ако во една Америка која има еден од најразвиените претприемачки менталитети во светот, имаат проблем со обесхрабрувањето што го добиваат од околината и кажуваат зошто нешто нема да успее што останува тогаш за Македонија, земја што 5 века била под ропство и има изразен социјалистички менталитет каде што се чека некој друг да ја заврши нашата работа или да не “потапша” по рамо, и каде што сите до еден од соседот, семејството, пријателите итн, ќе се обидат да ве одвратат од вашата цел или сон или да ве направат будала. Затоа “Не чекајте некој да ви даде дозвола”.

error: Content is protected !!