Google планира нов и ефикасен начин за складирање енергија

Alphabet матичната компанија на Google, си постави за цел амбициозен проект- нов и ефикасен начин на чување односно складирање на енергијата, многу поефикасен и понапреден од досегашните литиум-јонски батерии.

Посебен бизнис организациски оддел на оваа компанија, која се занимава со амбициозни проекти, одлучи да се посвети на можноста за складирање на обновливата енергија- и тоа со користење на соли и антифриз.

Системот кој планираат да го направат, како што пренесува Bloomberg треба да ги надмине литиум-јонските батерии во должината(времето) на задржување на енергијата.

Во првите шест месеци оваа година, Калифорнија изгубила повеќе од 300 000 мегават-часови енергија добиена по пат на соларни панели и ветерни паркови бидејќи не постои добар начин таа да се складира, го наведува овој пример Bloomberg. Станува збор за количина која е доволна да се снабдуваат со струја десетина илјади домаќинства.

error: Content is protected !!