За да искочи од ЕУ, Велика Британија плаќа 40 милијарди долари!
Велика Британија е спремна да плати до 40 милијарди евра во рамките на договорот за излегување од ЕУ, пишува Sunday Telegraph повикувајќи се на три неименувани извори запознати со британската преговарачка стратегија.
ЕУ излезе со бројка од 60 милијарди евра и сака значаен напредок по прашањето за британските обврски пред почетокот на преговорите, во врска со сложените прашања како што е идниот трговски договор.
Министерството задолжено за преговори за Brexit, одби да ја коментира статијата на Sunday Telegraph. Велика Британија до сега нема дадено официјална изјава колку е спремна да плати.
Весниците пишуваат дека британските официјални лица веројано ќе понудат 10 милијарди евра годишно за 3 години, откако ќе излезат од ЕУ во март 2019 година, а после тоа ќе го финализира вкупниот износ со рамноправни трговски преговори.
До исплата би дошло само во случај на договор кој би вклучувал и трговски договор, додаваат весниците!
“Ние знаеме дека позицијата на ЕУ е 60 милијарди евра, но долната граница е 50 милијарди евра. Нашата позиција е 30 милијарди евра, но би се согласиле и на 40 милијарди евра без разлика што ниту јавноста ниту политичарите не се сложни околу тоа” ја пренесува весникот изјавата на еден “висок извор од Whitehall”.
Whitehall е делот во Лондон кое е седиште на британските државни службеници и министри.
Друг извор од Whitehall рече дека Британија е спремна да плати 30 до 40 милијарди евра, а трет извор изјави дека премиерката Theresa May е спремна да плати и повеќе од 30 милијарди евра, наведуваат британските весници.