Купуваме облека од Северна Кореја, а мислиме дека е кинеска!

Кинезите смислија начин на искористување на евтината работна сила на другите држави, а облеката ја пласираат како своја!

Кинеските текстилни фабрики се повеќе ги користат фабриките надвор од своите граници, како би ја искористиле евтината работна сила, на истиот начин како тоа го прави Западот со Кина, да добро прочитавте Кина која многумина уште ја сметаат за евтина работна сила ангажира уште поевтина работна сила.

Но притоа тие го лажат пазарот и крајните потрошувачи- бидејќи на облеката ставаат препознатлива ознака Made in China, a робата наместо кинески работнци ја произведуваaт експлоатирани работници од Северна Кореја пишува Reuters.

Кинезите се повеќе и повеќе ги користат фабриките и трговците од пограничниот град Dandong, и одтаму робата низ светот ја пласираат како нивна.

Користењето на Северна Кореја за производство на евтина облека, покажува дека и покрај санкциите од UN наметнати на оваа држава, Kim Jong Un успева да се снајде со помош на своите “пријатели”.

И покрај санкциите поради севернокорејската нуклеарна програма, не се однесува на забрана на извозот за текстил.

“Примаме нарачки од целиот свет” открива еден корејско-кинески бизнисмен од Dandong, град на граница помеѓу овие две држави, преку кој се одвива поголемиот дел од трговијата на Северна Кореја, кој сакаше да остане анонимен.

Во Dandong дејствуваат дваесетина агенти кои се посредници помеѓу кинеските добавувачи и купувачите од САД, Европа, Јапонија, Јужна Кореја, Канада и Русија.

“Крајниот купувач нема поим дека робата се изработува во Северна Кореја” – истакнува изворот.

Текстилот е втора најголема извозна ставка во Северна Кореја, после јагленот и другите руди, а вредноста на извезениот текстил изнесувал 752 милиони долари во 2016 година.

Последните санкции од UN во потполност го забранија извозот на јаглен, па Северна Кореја мора да се снаоѓа, а очигледно се потпира на Кина за својот економски опстанок.

Кинескиот извоз порасна за околу 30%, односно на 1,67 милијарда долари во првата половина од годината, а во најголем дел се работи за ткаенини и останати суровини од кои Северна Кореја произведува производ спремен за пазарот.

Австралиската спортска марка Rip Cur јавно се извини минатата година, кога е откриено дека од нивната опрема за скијање, означена како “Made in China”, е направена во Северна Кореја во една од нивните фабрики.

И нормално Rip Curl ги обвини своите добавувачи за “outsourcing” преку неовластен кооперант.

Но трговците и агентите од Dandong објаснуваат дека тоа е широко распространета пракса.

Произведувачите можат да заштедат до 75% со изработка на својата облека во Северна Кореја, открива еден кинески трговец.

Некој од фабриките во Северна Кореја се наоѓаат во градот Siniuju, а останатите се лоцирани во околината на Pyongyang, главниот град на Северна Кореја. Готовата облека најчесто право се праќа по кинеските пристаништа каде што се препакува и понатаму се праќа во големите пристаништа низ светот каде што робата е нарачана.

kikore

Производството на текстил во Северна Кореја било високо развиено во седумдесетите години на минатиот век, кога првите холандски компании почнаа да тргуваат со Кореја. Иако имаше пад на производството, во последните години повторно почна да расте. Месечната плата на севернокорејскиот работник во текстилната индустрија, е околу 80 долари месечно, што значи дека производството е за дури 30% поевтино отколку во Кина.

Освен тоа, севернокорејските работници можат да произведат 30% повеќе облека секој ден отколку кинескиот работник, открива еден кинески трговец.

Причината за тоа секако се наоѓа во експлоатацијата. Во фабриките во Северна Кореја, работниците не идат во WC кога им се иде, бидејќи тоа ќе ја успори целата линија на производство. Поради тоа постојат пропишани паузи за WC, кои сите мораат да ги почитуваат.

Дополнителна причина поради која севернокорејските работници се толку продуктивни е нивното мислење дека они работат за проспертитет на својата земја, а не за плата.

Тие веруваат дека тоа го работат за својот лидер и подобро утро, а нивните плати се разликуваат од оние во другите азијски земји.

Пример, додека во Северна Кореја минимум е 75 долари на месец, а просекот е 160 долари на месечно ниво, во Кина просечната плата во фабриките изнесува од 400 до 700 долари на месец.

error: Content is protected !!