Goldman Sachs објави многу важна информација за Bitcoin!

Инвестициската банка Goldman Sachs смета дека криптовалутата како што е Bitcoin веќе не може да се игнорира.

Bitcoin достигна неверојатни 4483 долари, односно неговата вредност оваа година е зголемена за четири пати.

Goldman Sachs наведува дека Bitcoin моментално “јава” на биковскиот бран, кој би можел вредноста на оваа криптовалута да ја зголеми за околу 500 долари, речиси до границата од 5000 долари, а после тоа би следела значителна корекција. Веројатно пад кој би бил до 50% на околу 2200 долари.

Пазарната капитализација на оваа за многумина омилена криптовалута за само една недела пораснала за 20 милијарди долари, и надмина 70 милијарди долари. Во позадината на последниот експлозивен раст стојат неколку фактори. Над се и пред се, тоа е голeмaта побарувачка од Јапонија бидејќи во јени се прават 42% од сите купувања на Bitcoin. Јапонските регулатори се наклонети, а се повеќе трговци ја прифаќаат оваа валута како платежно средство.

Втора причина е разрешениот спор во Bitcoin заедницата поради различни погледи на “развивачите” и таканаречените рудари. Bitcoin на 1 август се раздвои и доби верзија под името Bitcoin cash. Развојот за него е ветувачки бидејќи со технологијата SegWit2X  брзината на трансакциите е значително поголема.

Меѓу причините за понатамошен раст на Bitcoin е се поголемото интересирање на институционалните инвеститори. И над се, Bitcoin би можел да се појави како сигурно засолниште.

error: Content is protected !!