Тритекс отвори нова фабрика во индустриската зона во Прилеп

Отворена е нова фабрика во индустриската зона „Прилеп 1“, инвестицијата е на текстилниот бренд „Тритекс“. Во новиот капацитет на површина од 4.000 метри квадратни ќе има околу 300 нови вработувања, рече синоќа на отворањето на фабриката сопственикот Дејан Наумовски, информира општина Прилеп.

Во индустриска зона во Прилеп, посочи градоначалникот Марјан Ристески, пред четири години се продадени 21 локација, а фабриката на „Тритекс“ е 11 изграден објект. Компанијата „Тритекс“ работи на пазарот 20 години.

error: Content is protected !!