Wal-Mart и Google заедно во борба против Amazon

Најголемиот светски малопродажен ланец, американската компанија Wal-Mart, одлучи да се здружи заедно со Google во електронската продажба, објавија двете компании.

“На крајот од септември започнува нашата соработка со Google, каде ќе се понудат стотина илјади наши производи кои ќе можат да се нарачаат преку Google Assistant” се наведува.

Wal-Mart вети “најголема дистрибутивна понуда достапна” преку Google.

Двете компании, без разлика што тоа директно не го кажаа, сакаат да бидат конкурент на Amazon, светскиот гигант во продажбата на роба преку интернет и нејзина достава до купувачите.

error: Content is protected !!