Bitcoin руши рекорди достигна 5000 долари

Пред неполн месец, Bitcoin ја надмина вредноста од 4000 долари, a на 30 август неговата вредност за прв пат на кратко беше повеќе од 4800 долари, уште тогаш се гледаше дека прашање на време е кога ќе се постави нов рекорд. Денеска (2 септември) достигна нов рекорд од 5000 долари, па падна,  што значи дека во последните денови неговата вредност растела за по 100 долари дневно.

Растот CoinDesk го објаснува дека е резултат на зголемената побарувачка што го предводеше кинеската компанија OKCoin. Имено на кинескиот пазар рекордната вредност на Bitcoin беше 5149 долари.

Пред 3 дена пазарната вредност на најпопуларната криптовалута достигна рекордна вредност од 79,7 милијарди долари и пазарен удел од 45,4 %.

error: Content is protected !!