Путин: Државите кои ќе предводат во развојот на вештачката интелегенција ќе владеат со светот

Вештачката интелегенција е технологијата која не само што ќе ја одредува насоката на индустриите туку и на цели држави. Уште еден доказ за тоа е последната изјава на рускиот претседател Владимир Путин на оваа тема. А таа изјава објаснува зошто Русија, САД и Кина вложуваат милијарди американски долари во развојот на AI (вештачка интелегенција).

“Кој ќе стане лидер на пазарот на AI, ќе стане и владетел на светот” кажа во свој стил Путин пред студентите во градот Јарослављ и продолжи ” Ќе биде многу непосакувана ситуација кога некој за себе би обезбедил монопол на ова поле. Ние (Русија) своите сознанија на подрачјето на AI, сигурно ќе ги споделиме со светот”

Иако ова е тешко за верување, вистината е дека AI во рацете на само една држава ќе донесе невидени предности, кои би можеле да се искористат на полето за војување, за жал. Секако, можностите во другите полиња би биле од поголема важност за сите, а не само на оние од политичките и војни позиции. Пример, медицината, образованието, информатиката … Но најверојатно таквото сфаќање за светот е уште многу  далеку што го потврдува и самиот Путин зошто во неговата визија и иднина за AI го нуди примерот за војна примена.

“Војните во иднина ќе се водат со дронови и тој што ќе ги уништи дроновите на другиот, ќе биде победник, а другата страна нема да има никаква друга можност, освен да се предаде” нагласува Путин.

Ваква слична ситуација е видена после Втората светска војна, кога исто технолошкиот напредок се користел со цел војување. За среќа, од некои големи светски катастрофи сме поштедени бидејќи студената војна се водеше со други методи, а победи технолошки посупериорниот. Русија тогаш беше на губитничката страна, без разлика што не заостануваше кога беше во прашање нуклеарното наоружување или летот во вселената. Но подоцна застана и изгледа дека започнува да фаќа чекор во последните години.

Да се надеваме дека Русија навистина своите сознанија на полето на AI ќе ги споделува со другите, но да се надеваме и дека сите останати играчи (САД, Кина..) вклучени во оваа трка ќе го направат истото. Па кога ќе направат исчекор, да не го прават тоа само на воен план туку и за пошироки цели од кои сите ќе добијат од неговото користење.

error: Content is protected !!