Пад на БДП од 1,8% во вториот квартал, Македонија пред рецесија!

Ова е втор последоватален квартал во кој македонската економија бележи лоши резултати, откако во првиот квартал статистиката покажа стагнација, односно 0,0% раст на БДП. А во вториот квартал пад од 1,8%. Македонија можеби веќе е во рецесија.

Зошто? Не е непозната пракса резултатите добиени од заводот за статистика во Македонија, па и во светот да добијат корекции да се подобри нивната точност, со тоа што првиот квартал е на апсолутна нула (0,0%) значи дека само една мала надолна корекција од само 0,1% пад и Македонија влегува во рецесија зошто вториот квартал е со сигурен пад на БДП од 1,8%. Но и првиот квартал да не добие корекции и да остане на исто ниво, третиот квартал исто така може да биде негативен, со втор и трет квартал во пад Македонија влегува во рецесија. А не можеме да бидеме многу оптимисти дека третиот квартал ќе се разликува многу од првиот и вториот квартал оваа година.

Денеска, државниот завод за статистика објави дека бруто домашниот производ (БДП) на Македонија во второто тромесечие годинава бележи пад од 1,8%.

Најголем пад од дури 17,3% има кај градежништвото, а пад од 1,6% има и кај преработувачката индустрија. Статистиката бележи пад на БДП и кај рударството од 1,4%, дејностите поврзани со недвижен имот од 2,6% и јавната управа, каде е регистриран пад од 4,1%.

Најголем раст на БДП во вториот квартал годинава има кај Земјоделството од 4,1% и трговијата на големо и мало, каде има раст на БДП од 3,9%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, финалната потрошувачка на домаќинствата која учествува со 70,7% во структурата на македонскиот БДП, во второто тримесечје од 2017 година номинално пораснала за 6 %. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 16%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 7,3%.

error: Content is protected !!