Finance Think: Надолна ревизија на проекцијата за растот на БДП за 2017 на 0.8%

Во вториот квартал од 2017, економијата се намали за 1.8% споредено со истиот квартал од 2016. Политичката криза кулминираше со настаните во Собранието од 27 април, што продолжи во нова неизвесност до формирањето на вадата на 31 мај, што пак продолжи во период на преземање на иституциите и следствено без позначаен импулс за економијата. Сепак, во јуни, притисокот врз економијата се намали и се појави нов бран оптимизам.

Во поголем дел од овој период, економијата остана `замрзната`: домашните инвеститори скоро целосно се воздржаа од развојни активности, а влез на нови странски инвеститори скоро и да немаше. Бруто инвестициите се намалија за 19.9%. Истовремено, во отсуство на владин импулс, капиталните инвестиции, особено оние во крупната инфраструктура, се реализираа со значително забавено темпо. Градежништвото се намали за 17.3%.

Паралелно на ваквите движења на економијата, стапката на невработност забележа понатамошно благо намалување за 0.3 процентни поени, до 22.6%, кое главно се должи на исцрпувањето на ефектите од вработувањата во фабрките кои веќе беа воспоставени во економијата.

Оттука, Finance Think врши понатамошна надолна ревизија на проекцијата за растот на БДП за 2017 на 0.8%, одразувајќи го ризикот нагласен во претходниот Макро-монитор – брзината со која новата влада се враќа на патеката на структурните реформи.

Оваа значајна надолна ревизија е одраз и на повисокиот пад од очекуваниот во К2-2017, како и на застојот во реализацијата на капиталните инвестиции, понатамошната воздржаност на потенци-јалните странски инвеститори и отсуството на амбициозна и структуирана економска цел и програма во моментот на објавување на оваа публикација.

No automatic alt text available.

No automatic alt text available.

No automatic alt text available.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!