Еве колку чини изработката на iPhone X, кој да го купите во САД е 999$
Многу луѓе со нетрпение го чекаа септември за да го видат најновиот iPhone модел X, кој во САД ќе се продава за 999 долари, а во останатите држави низ светот ќе биде поскап. Но исто така многу интересен податок е колку чини изработката на iPhone X.
Според „Trusted Reviews“, изработката на iPhone X изнесува 412,75 долари. Најскапиот дел на iPhone X e OLED екранот кој Apple го чини 80 долари, втор дел по цена е NAND меморијата од Toshiba кој чини 45 долари, а трет дел по цена е процесорот A11 од 26 долари.
Од 27-ми октомври iPhone X ќе може да се нарачува од САД, а испораката ќе започне од 3-ти ноември. Моделот од 64 GB чини 999 долари а за моделот од 256 GB ќе треба да се плати 1.149 долари.