Во Франција до 2020 година кутија цигари ќе биде 10 евра!

Франција во наредните три години шест пати ќе ги зголеми цените на кутија цигари како на крајот би чинела 10 евра, објави во средата министерот за здравство Agnes Buzyn.

“Прво ќе ги хармонизираме цените на цигарите така што цените на оние кои сега се најевтини во просек ќе ги покачиме за 35 центи до крајот на годината. Со тоа ќе добиеме сите кутии да чинат 7,10 евра” изјави министерката за радиото Europe 1.

“Во март следната година следува ново поскапување, за евро, потоа уште три пати по 50 центи, во април и ноември 2019 и април 2020 година, и конечно за уште 40 центи во ноември 2020 година” објасни министерката

“Тоа на луѓето ќе им овозможи да се припремат, да прoнaјдат начин како да прeстанат да пушат” изјави таа.

Просечна цена на кутија цигари од 10 евра е едно од ветувањата од претседателската кампања на Emmanuel Macron.

Денеска најевтината кутија цигари во Франција е 6,30 евра, а Marlboro еден од најпродаваните и најскапи брендови, чини 7 евра.

Во Франција пушат 16 милиони луѓе или третина од популацијата од 15 до 85 години.

Тутунската индустрија, која е веќе под жесток даночен притисок, во државната каса годишно носи 14 милијарди евра.

error: Content is protected !!