Во Скопје два месеци се нуди работно место од 600 евра а никој не е заинтересиран!

Во услови кога државниот завод за статистика ги објавува статистиките дека невработеноста е се уште над 20%, има многу случаи кога на пазарот на труд се нудат работни места од над 500 евра а нема заинтересирани кои би прифатиле да работат.

Заварувачи, пекари …. многу од нив се поплатени од 80% од луѓето што работат во банка, осигурителна компанија и слично, а сепак луѓето се срамат да ги работат тие професии, или сите сакаат да носат вратоврски макар биле платени и двојно помалку.

Во Трговскиот Центар Бисер во Пекарата Кисми повеќе од 2 месеци стои оглас каде што се бара пекар за 600 евра месечна плата! Повеќе од очигледно е дека македонскиот образовен систем не создава кадри потребни на пазарот.

А пазарот е многу едноставен кога има голема понуда за некое работно место а мала побарувачка за него цената за тоа работно место расте и обратно затоа, ќе сведочиме во иднина на многу вакви случаи каде што се бараат пекари заварувачи итн, работни места кои се платени над 600 евра плата а да нема кој да ги работи.

Напомена ова важи за Скопје, во помалите градови може и да не е толку драстична оваа разлика.

pekar

error: Content is protected !!