Standard & Poor’s го намали кредитниот рејтинг на Кина!
Кредитната рејтинг агенција Standard & Poor’s го намали во четвртокот кредитниот рејтинг на Кина кој ги одразува проекциите дека силниот кредитен раст ќе ги зголеми финансиските ризици.
Рејтингот е намален за еден степен, од АА- на A+. Reuters потсетува дека Standard & Poor’s уште во јуни предупреди како постојат реални шанси за намалување на кинескиот рејтинг и дека одлуката ќе се темели на проценката колку Кина може да се држи подалеку од стратегијата на економски раст заоснован на задолжување.
Додека кредитната рејтинг агенција Moody’s рејтингот на Кина го намали уште во мај.