Хрватски иноватор кој направи мини котел за ракија започнува со масовно производство
Пребарувајќи низ интернет какви се котли за ракија има, 62 годишниот, Стјепан Хршак од хрватскиот град Преграда, дошол до многу интересна идеја. “Гледав различни котли на интернет и дојдов до идеја да направам еден мини котел за ракија, бидејќи ништо слично немав видено на интернет, пренесува Zagorje.
Правењето на самиот прототип не било лесно, беше преполно со детали кои требало квалитетно да се решат, за котелот да биде во потполност функционален и покрај фактот што е минијатурен” изјави Стјепан. Хршак за да дојде до конечен и сосема функционален котел за ракија, потрошил речиси 10 месеци во својата машино-браварска работилница во Преграда.
Самиот производ, Стјепан го направил релативно брзо, но неговото усовршување кажува дека било долготрајно. Најмногу проблеми имал со спојувањето на самиот капак, односно тој капак се вади и кога се става на котелот мора да “дихтува”. На крајот тој проблем го решив со силиконска гума која поднесува температури дури и до 250 степени, објаснува Стјепан. Инаку без разлика што котелот е минијатурен, ги има сите делови како и неговиот “голем брат”. Печката и ладењето се направени од инокс додека останатите делови се направени од бакар.
Капацитетот на котелот е еден литар, а зависно од суровината која се дестилира, може во еден процес да се добие од 100 милилитри до 150 милилитри ракија (сосема доволно двајца да испијат по неколку ракии). Во овој мини котел, може да се дестилира се што може и во вистинскиот голем котел. Откако ќе ја пуштите мини плинската боца, за дваесет минути почнува да тече ракија.
Но и покрај сето тоа, објаснува Стјепан, овој мини котел за ракија првенствено е замислен како симпатичен и интересен сувенир, со обѕир дека е во потполност функционален и дека не е комплициран за оддржување, а ниту за користење, не се сомнева дека многу ќе го користат и за својата изворна намена за производство на мали количини ракија.
Вредноста и атрактивноста на овој производ ја препознал и еден дистрибутер од Загреб, со кој Стјепан веќе договорил соработка, а во тек се сериозни преговори за создавање на препознатлив бренд. За неколку денови Стјепан започнува со сериозно сериско производство на својот мини котел. Моментално тој објаснува дека може без проблеми да произведе околу стотина месечно, а ќе ги продава по цена од 200 евра.