Започна изградбата на турската Чагатај Кабло во Бунарџик

Во средата започна изградбата  на турската компанија Чагатај Кабло во ТИРЗ Скопје 1, што ќе произведува кабли за автомобилската индустрија пред се наменети за автобусите на Ван Хол.

Како што истакна сопственикот Ахмет Короглу, во првата фаза ќе се изгради објект на површина од 7.000 метри квадратни во вредност од четири милиони евра и ќе се вработат 100 лица, а подоцна објектот ќе се прошири со што инвестицијата ќе се заокружи на шест милиони евра и ќе се вработат 300 лица.

Компанијата,како што кажа,  20 години произведува и има 35-годишно искуство во овој сектор, а во нивниот објект во Истанбул кој е на површина од 14.000 метри квадратни има 315 вработени. Се очекува компанијата да го започне производството во Скопје кон крајот на март или на почетокот на април следната година.

Иако беше предвидено фабриката да почне да се гради во месец јули, дури сега почнува градбата на капацитет кој ќе обезбеди работа на 200 луѓе. Оваа компанија е добавувач на белгиската фабрика за производство на автобуси Ван Хул која инвестираше во истата зона во Скопје. Чагатај Кабло ќе се простира на 6 илјади и 700 метри квадратни, а истата компанија во Турција има фабрика од 14 илјади метри квадратни. Ќе инвестира 3 до 6 милиони евра и ќе вработи 200 луѓе во прва фаза.

Поранешната влада се пофали дека фабриката е нивно дело, но на поставувањето камен темелник беше присутна сегашната влада.

error: Content is protected !!