Иранци преку НЛБ Банка испрале милијарда долари

Словенија членка на ЕУ и НАТО ја тресе голем скандал и тоа од меѓународни размери, затоа што словенечката Агенција за борба против перење пари отвори истрага во врска со тврдењата на опозициски партии дека најголемата државна банка, Нова Љубљанска Банка (NLB) испрала речиси милијарда евра од Иран во периодот меѓу 2008 и 2010 година.

Нова Љубљанска Банка со тоа го прекрши меѓународно ембарго и одредби за финансирање тероризам.

Летово медиумите од Словенија објавија, дека секој ден во НЛБ банката биле извршувани од 40 до 50 трансакции кон 30.000 сметки ширум светот, вклучително и на некои со лажни имиња од цртани филмови како Мики Маус или Пајо Паторот.

Во центарот на скандалот е британско-ирански државјанин Ирај Фарокџадех, кој отворил сметки во банката во декември 2008 година за компанијата Farokh Ltd, откако швајцарските власти му ги затвориле сметките во швајцарската банка UBS чие седиште е во Базел.

Се претпоставува дека ги префрлил парите од Иранската извозна и развојна банка (EDBI), која се најде под санкции и на црната листа на ЕУ.

Словенечката централна банка ги забранила трансакциите во декември 2010 година, но на НЛБ и биле потребни девет дена за да се спроведе, до кога Фарокџадех ги префрлил во руските банки.

Пред неколку месеци требаше да биде продадена словенечката банка, како ќе се одрази овој скандал при евентуалната продажба ќе видиме наскоро. Но во секој случај обвинување за перење пари на ниту една банка во светот не може, а да не го извалка нејзиното име и да го наруши нејзиниот углед.

error: Content is protected !!