Alibaba ќе отвори центар во Србија!
Татјана Матич, државниот секретар во српското Министерство за трговија, туризам и телекомуникации, изјави дека кинескиот гигант гледа голем стратешки интерес за позиционирање во Србија, пред се во подрачјето на е-трговијата и логистиката, додавајќи дека кинеската компанија Alibaba e заинтересирана во Србија да пронајде партнер за отворање на логистички центар.
“Познатата кинеска компанија Alibaba има свој дистрибутивен центар за ЕУ во Франкфурт, но многу се заинтересирани во Србија да најдат партнер за еден таков логистички центар”изјави Матич. Според нејзините зборови, тоа би овозможило не само дистрибуција на кинески производи, туку и на роба која српските компании ја произведуваат кои преку овој канал ќе се пласираат на други пазари пред се кинескиот.
Кинеските компании во Србија учествуваат во цела низа инфраструктурни и енергетски проекти. Минатата година обемот на трговската размена помеѓу Србија и Кина изнесуваше 590 милиони долари, со раст од 8,2% во првите четири месеци од 2017 година a остварен e раст и од 20% во однос на 2016 со 2015 година. На почетокот на оваа година хрватските медиуми пишуваа за Alibaba, најголемата кинеска on line продавница, дека во Задар сака да изгради дистрибутивен центар за цела Европа, односно дека главен конкурент е Унгарија која веќе активно лобира.
Од хрватското Министерство за економија, претприемништво и занаетчиство е потврдено како од Alibaba добиле допис во кои се изразени желби за инвестирање во Хрватска. Нивното министерство на претставниците на Alibaba им предложиле и погодности кои инвеститорите можат да ги искористат во Хрватска.
Но Хрватска најверојатно битката за Alibaba ја има изгубено од Србија уште пред да започне, првин зошто во Србија платите се двојно пониски од Хрватска, друго и даноците во Србија во споредба со Хрватска се пониски, и трето кинезите веќе активно инвестираат во Србија. Можеби единствена предност што ја има Хрватска, а ја нема Србија е што се членки на ЕУ. Но ако на Alibaba им е важно да е членка на ЕУ, попрво ќе отидат во Бугарија или Романија отколку во Хрватска.
Но Србија е позната и по високите субвенции кои ги дава на странските инвеститори така да Србија останува најголем фаворит за Alibaba од каде што ќе го освојува Балканот и Европа. Македонија е надвор од сите комбинации, последно нешто што слушнавме на таа тема е дека Google и Facebook ќе ги донеле во Македонија ….