Најконкурентните и најмалку конкурентните држави во светот

World Economic Forum ја дефинира националната конкурентност како збир на институции, политики и фактори кои ги одредуваат нивоата на продуктивност. Шест европски економии се меѓу десетте најконкурентни во светот. Швајцарија го освои највисокото место во извештајот со индекс резултат од 5,86 од можни 7, поради силните и избалансирани резултати во најважните детерминирачки фактори, како што се здравјето, примарното образование и сигурното макроекономско опкружување.

САД се наоѓаат на второ место за национална конкурентност, иако во извештајот се забележува дека САД треба да го подобри своето макроекономско опкружување, исто како и здравјето и образованието, каде на последните две постигна послаби резултати.

Осум од десетте најлоши земји во светот за национална конкурентност се наоѓаат во Африка. Во последниве години Јемен беше уништен од војната и затоа се наоѓа на дното со резултат од 2.87, после него следеат Мозамбик и Чад, чиј резултат е помалку од три. Единствената земја која не е во Африка а се наоѓа во последните десет е Хаити кој постигна резултат од 3,22.

competitive countiresmbh__15

Извештајот оваа година опфаќа 137 економии базирано на достапноста на податоците. Земји исклучени поради нецелосни податоци оваа година се Барбадос, Боливија, Брегот на Слоновата Коска, Габон и Македонија.

error: Content is protected !!