Скопје ќе остане без саем? На негово место ќе “никне” трговски центар и згради
Додека сите светски метрополи идат напред Скопје можеби ќе остане без саем. Така да Скопје изгледа ќе биде еден од ретките главни градови без саем освен ако инвеститорот не изгради покрај трговските центри и згради и нов саем. На кај иде работава се гледа по тоа што меѓународниот саем Технома 2017 годинава ќе се одржи од 25 до 29 октомври во ВИП арената Борис Трајковски, значи во спортска сала! Одложен е есенскиот саем Дома. Халите на Скопски саем се продадени, a на нивно место ќе се гради голем трговски центар и деловно – станбени објекти.
Од Скопски саем информираат дека нивните хали, досега во сопственост на словенечката групација ЕРА, се продадени. Словенците си заминаа од Скопски саем а Гвидо Омладиќ, сопственикот на ЕРА Велење и Пилон Самобор, ги продаде своите удели во компанијата. Нов газда на Скопски саем е компанијата Кардфинанс ДООЕЛ од Бугарија чиј сопственик е Георги Кехајов. Имотот на Скопски саем бил заложен во НЛБ Тутунска банка и во Комерцијална банка, кои долгот си го наплатиле со продажба на фирмата Кардфинанс од Бугарија за сума од 16 милиони евра. На овој простор новиот сопственик планира да изгради голем трговски центар и повеќе деловно-станбени објекти.