Генијот Милтон Фридман го предвидел биткоин уште во минатиот век!

Милтон Фридман уште на крајот на минатиот век поточно во 1999 година, во едно телевизиско интервју го предвиде настанокот на криптовалутите каков што постои денес во облик на биткоин, етериум и многу други.

“Мислам дека интернетот ќе биде една од главните сили за намалување на улогата на државата. Нешто сеуште недостасува, но тоа наскоро ќе се појави, тоа е веродостоен e-cash (интернет пари). Тоа ќе биде некоја метода со која на интернет ќе се трансферираат пари од личноста A до личноста B, со тоа што особата A и особата B воопшто нема да се познаваат. Значи јас ќе земам банкнота од 20 долари и ќе ви ја дадам на вас, и никој нема да знае од каде тие пари стигаат, нема да постои трага, а вие воопшто нема да знаете кој сум јас. Нешто такво ќе се развие на интернет, и тоа ќе го олесни животот на корисниците на интернет. Секако тоа има и своја негативна страна. Ќе го искористат тоа и гангстери кои се занимават со илегални трансакции  кои исто така ќе имаат олеснета работа” изјави Фридман.

Еве го тоа видео снимено уште во 1999 година, кога во Македонија беше реткост да имаш компјутер со интернет.

 

error: Content is protected !!