Гаспром до сега изгради 373 километри од Турски тек

Најголемиот руски произведувач на гас Гаспром соопшти дека до сега изградил 373 километри од подводната делница од гасоводот Турски тек, кој иде по дното на Црното море.

“Изградбата на гасоводот Турски тек, кој е уште еден нов гасовод за руска испорака на гас во државите што се надвор од Заедницата на независни држави, е во полн ек. На подморската делница до сега се изградени 373 километри гасовод” се наведува во соопштението на компанијата, а пренесува руската агенцијата Tass.

Проектот вреден повеќе од 11 милијарди долари предвидува изградба на гасоводот по дното на Црното море до европскиот дел на Турција, а потоа од Турција до границата со Грција.

Првиот крак од гасоводот е наменет за снабдување на турскиот пазар со гас, додека другиот крак ќе се користи за снабдување со гас на јужна и југоисточна Европа.

Секој крак ќе има капацитет од 15,75 милијарди кубни метри гас годишно, наведува руската новинска агенција. Владите на Турција и Русија потпишаа во октомври 2016 година билатерален договор за реализација на проектот, односно изградба на овој гасовод.

Турција и руски Гаспром ја договорија цената на изградбата на гасоводот Турски тек на нејзина територија, изјави генералниот директор на турската национална гасоводна компанија BOTAS, Burhan Ozcan.

[yop_poll id=”4″]

error: Content is protected !!