Државен завод за статистика: 21,8 % од Македонците се сиромашни

Според објавените податоци зголемувањето на стапката на сиромашија во однос на претходната година има за 0,3 %, кога сиромашни биле 21,5 отсто од населението или 445.200 илјади граѓани, а намалување во однос на 2014 година кога 22,1 процент или 457.200 граѓани биле сиромашни.

Анализирано по типови домаќинства, најголема стапка на сиромаштија од 50,6 проценти има кај домаќинства со три или повеќе издржувани деца, а најниска во самечки домаќинства со еден возрасен член на возраст од над 65 години. Стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2016 година е 21,2 проценти.

Во 2016 година стапката на сиромаштија кај мажите била 22,2 проценти, а кај жените 21,5 проценти.

Од статистичките податоци може да се види и дека стапката на сиромаштија пред социјалните трансфери изнесува 41,6 проценти, пред социјалните трансфери со вклучени пензии 25,7 проценти и по социјалните трансфери 21,8 проценти.

Основа на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштија е дефиниран на 60 проценти од медијалниот еквивалентен приход.

Од овие бројки може да се заклучи дека државата не создава услови да се отвараат доволно нови работни места за да се зголеми вработеноста туку дека државата преку социјални трансфери се обидува вештачки да ги подигне приходите кај ѓраѓаните, а од друга страна не се знае колку луѓе работат во сива економија а се водат како невработени и се корисници на социјална помош.

Сиромаштијата во развиените земји се решава првенствено преку отварање на нови работни места, а не преку зголемување на социјалната помош.

error: Content is protected !!