Twitter за прв пат ќе биде во добивка!

Цената на акциите на „Twitter“ во четвртокот скокнаа на Волстрит за повеќе од 18 проценти, откако оваа социјална мрежа порача дека во последниот квартал од оваа година би можела да оствари добивка, за прв пат од кога компанијата постои, објавува seebiz.

Според објавениот деловен извештај од четвртокот загубата на Twitter во третиот квартал изнесува 21 милион долари, додека една година претходно изнесуваше 103 милиони. Вупните приходи на „Twitter“ во изминатиот квартал изнесувале 590 милиони долари, што е за 4 проценти помалку отколку една година претходно, при што приходите од огласувањето паднале за 8 проценти, додека приходите од лиценцираните податоци и други извори скокнале за 22 проценти, на 87 милиони долари.

Падот на приходите во кварталот е трет откако акциите на оваа компанија во 2013 година се вклучија на американската берза. Меѓутоа, оваа компанија во изминатиот квартал ги намали трошоците за 16 проценти во однос на истиот минатогодишен квартал, што е главната причина за намалување на загубите и порача дека во четвртиот квартал од оваа година би можела да оствари добивка ако приходите и расходите останат во планираните рамки.

Ова е прва квартална добивка за компанијата од кога постои.

Twitter, исто така, објави дека бројот на неговите активни месечни корисници во изминатиот период достигнал 330 милиони, четири милиони повеќе отколку во претходниот квартал.

Twitter кој на корисниците им овозможува праќање на “пораки” со 140 карактери е меѓу најпознатите социјални мрежи во светот, а го користат политичари, бизнисмени, познати пејачи и кој уште не.

Но Twitter, сепак, никако не успева да расте така брзо како Facebook, најголемата социјална мрежа во светот со повеќе од 2 милијарди корисници.

Некој аналитичари очекуваат дека честото објавување твитови од американскиот претседател Donald Trump, на Twitter позитивно ќе влијае на финансискиот резултат на оваа социјална мрежа.

Деловните резултати на компанијата се подобри отколку што аналитичарите очекуваа, па цената на акцијата на Twitter скокна во четвртокот на Wall Street за повеќе од 18%.

error: Content is protected !!