Hoyt Brian Yee: Ние вложуваме во Србија 1,5 милијарда а Русија 80 милиони долари, треба да знаете кој колку дава!

Во интервју за FoNet, заменик-помошникот државен секретар за Европа и Азија во американскиот Стејт департмент Hoyt Brian Yee, изјави дека јавноста во Србија треба да знае колку пари вложила Русија во Србија а колку САД и ЕУ.

Hoyt Brian Yee укажа дека “дел од вината е кај дипломатите чија одговорност е да објаснат на јавноста во Србија што работат и зошто тоа го работат” Како што кажа “легитимно е прашањето дали медиумите во Србија известуваат за тоа што зборуваме, што соопштуваат нашите амбасади , претставниците во Брисел и Вашингтон”.

“Можеби другите се поефикасни во праќањето пораки, на пример Русија. Помошта и инвестициите од Русија во Србија се безначајни во споредба со помошта и инветициите на европските и американските партнери” изјави американскиот дипломат.

Наведувајќи дека минатата година инвестициите од Русија изнесувале околу 80 милиони долари, а од Европската унија 1,5 милијарди долари, Hoyt Brian Yee кажа дека тука нема споредба, но дека многу Срби имаат впечаток дека Русија овозможува најмногу инвестиции и помош, што не е точно.

“Во интерес е на јавноста, но и на медиумите, да ја прикажат состојбата на терен” кажа Hoyt Brian Yee, во надеж дека Србите ќе дознаат дека Америка, ЕУ и нејзините членки партнери  и помагаат на Србија да ги оствари целите.

Тој меѓу целите ги наброја подобрувањето на животиот стандард и приклучувањето во ЕУ и оцени дека Србите треба да се запрашаат што Русија прави за да помогне Србија да ги оствари.

“Не се противиме Русија да ги одржува своите односи со Србија, знаеме дека тие односи секогаш биле многу силни. Но важно е луѓето во оваа земја да сфатат дека руската визија на Србија и Западниот Балкан e многу различна од визијата која Србите ја имаат за својата земја и визијата на партнерите како Америка и ЕУ за Србија и остатокот од Западниот Балкан”. изјави Hoyt Brian Yee.

Тој додаде дека Србија која е во транзиција и пробува да изгради своја економија, потребни и се многу пријатели, поддршка и трговски партнери од различни страни- Од Турција, Кина, Русија и САД.

Според неговите зборови, ако таа економска соработка се спроведува на основа на транспарентност и владеење на правото западните компании секогаш ќе бидат успешни бидејќи не се загрижени поради конкуренцијата.

Тој повтори дека тоа не значи дека Србија не може да има трговски и политички односи со другите земји, но би требало да се фокусира на начинот на приближување кон Европа и европските земји.

[yop_poll id=”4″]

error: Content is protected !!