Започна со работа првата пловечка електрана на ветер

Првата пловечка електрана на ветер сместена во близина на брегот на Шкотска, започна со работа овие денови.

Електраната на ветер Hywind со сила од 30 MW, со која управува норвешката нафтена група Statoil во партнерство со компанијата за обновлива енергија Masdar од Абу Даби, се наоѓа на 25 километри од брегот на Шкотска, а со електрична енергија ќе снабдува околу 20 000 домаќинства.

Извршната потпретседателка на New Energy Solutions во сопствеништво на Statoil наведе во соопштението како Hywind “ќе отвoри пат за нови можности на глобалниот пазар за пловечки крајбрежни електрани на ветер”. Mohamed Al Ramahi извршниот директор на Masdar, смета дека “Hywind од Шкотска покажува како технологијата на пловечки електрани на ветер може да биде комерцијално одржливо таму каде што се морските длабочини се големи за конвенционалните фискни електрани на море”.

Шкотската премиерка Nicola Sturgeon изјави дека Hywind ќе и помогне на Шкотска во исполнувањето на сопствените амбициозни цели во сегментот на климатските промени. Според нејзините зборови, овој ветерен парк во Шкотска ја поставува на прво место во глобалната трка односно ја позиционира како светски центар во сегментот енергетски иновации.

error: Content is protected !!