Bloomberg: Германија подготвува финансиска блокада на Турција!
Bloomberg наведува како станува збор за кредити преку државната германска банка KfW, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој.
Формално сеуште ниту една од тие банки не го замрзнала финансирањето, меѓутоа сите тие воведоа оштри барања и мерки, тврди Bloomberg повикувајќи се на свој извори. Освен тоа, на сличен чекор се одлучија и некои приватни банки. На пример поради избегнување на ризик за својот углед, Commerzbank размислува за промена на својата политика без оглед како тоа ќе се одрази врз работењето со турските колеги.
Проблемите стануваат се поголеми во американско-турските односи. Тие од неодамна се многу влошени откако Турција уапсила еден свој државјанин во американската амбасада под обвинение за шпионажа и тероризам, поврзано со организацијата FETO и нејзиниот водач Fethullah Gulen кој се наоѓа во САД.
Негова екстрадиција Анкара безуспешно бара веќе година дена под обвинение дека тој е организатор на пропаднатиот воен пуч во јули минатата година. Поради тоа САД и Турција една на друга дури го прекинаа издавањето патнички визи, пред некој ден Вашингтон одби да им издаде виза дури и на членовите на делегацијата на турското Министерство за правда.
На сите овие работи нервозно реагира и пазарот. Турската лира паѓа веќе повеќе денови. Но важно е да се нагласи дека Турција е голем увозник и затоа нејзината слаба валута многу негативно влијае на платежниот биланс на земјата. Последните денови се засилени медиумските информации за негативните прогнози за турската економија, што турската влада го карактеризира како “фабрикување” кое го “нарушува пазарот и ги доведува до заблуда инвеститорите, а тоа веќе претставува престап”.