Како да ги задржите најдобрите вработени во вашата компанија?
Успешните претприемачи, оддамна ја имаат препознаено важноста на своите вработени и затоа тие сакаат најдобрите вработени секогаш да ги задржат за себе без обѕир за која позиција станува збор и без разлика во однос на парите кои треба да бидат издвоени. Бидејќи во спротивно доаѓа до ситуација кога во компанијата има премногу немотивирани луѓе а тие што се најталентирани и највредни си одат барајќи нови предизвици, со кои би ги исполниле своите амбиции.
Според истражувањето направено од страна на Metrus и Gallup, дури 50-80% од вработените не се потполно посветени на работата која ја работат. Тоа е некоја константа и ситуацијата за да се промени, потребно е да се менува менталниот склоп, не само кај работодавците туку и кај вработените. И тоа треба заедно едно со друго, на корист на двете страни, без притисок.
На пример, наместо рамнотежа на работата и животот потребна е интеграција на работата и животот. Нормално е вработените работата да ја доживуваат само во текот на работното време, и дека се над тие осум или повеќе саати дневно се третира како обврска, најчесто несакана а со самото тоа и стресна. Затоа е потребна едукација на работодавците и претпоставените, да комуницираат со вработените односно да ги поттикнуваат, да ги изнесуваат сите евентуални проблеми со нив, така во секој момент ќе знаат ако непотребно го имаат преоптоварено вработениот. Во спротивно доаѓа до замор на “материјалот”, а на крајот и до заминување на вработениот на друго работно место.
Затоа треба на вработените да им се помогне да стекнат флексибилност. Имено модерното време донесе со него побрз начин на живот и понекогаш е многу тешко да се одговори на сите предизвици. Бидејќи е невозможно на работа во некој момент да нема потреба од дополнителен напор, рокови и прекувремени часови поради кои ќе пати приватниот живот . На жалост некои од вработените во такви ситуации се одвојуваат од своите блиски и се затвараат во себе, што остава отворена можност да “експлодираат” во некој момент. Затоа е важна комуникацијата и познавањето на своите подредени.
Од тие причини е важно да им се даде одредена моќ во нивните раце. Со тоа лесно ќе ја преземаат одговорноста и ќе донесуваат одлуки на лице место, во истиот момент. Но ако опкружувањето е такво грешките да се казнуваат и успесите да не се вреднуваат, вработените нема да преземаат никаков ризик туку тоа ќе го препуштаат на надредените. Создадете опкружување во кое вработените нема да се двоумат да преземат ризик, а со самото тоа и одговорност. Ќе профитираат сите, а после тоа наградете ги. (продолжува на страна 2)