Кинески Tencent по пазарна вредност го надмина Facebook!
Кинескиот технолошки гигант Tencent чие што работење меѓу останатото ги опфаќа и социјалнитe мрежи и видео игрите, достигна пазарна вредност од 531 милијарди долари, со што ја надмина пазарната вредност на глобално популарниот Facebook.
Компанијата е многу слабо позната надвор од Кина, но на домашниот пазар најпрепознатлива е по апликацијата за бесплатни повици и мултимедијални содржини, WeChat кои исто така забележува значаен раст како платформа за плаќање.
Акциите на компанијата кои котираат на берзата во Хонг Конг, оваа година двојно ја зголемија својата вредност, а заработката од нив редовно ги надминува очекувањата.
Tencet вложи значајни средства во индиската платформа за услуги поврзани со превоз Ola, која минатиот месец, објави дека собрала вкупно 1,1 милијада долари, свеж капитал за проширување на своето работењето. Освен Tencent од значајните вложувачи се спомнува и јапонската Softbank.
Претседателот на управата на кинескиот Tencent Martin Lau, во таа прилика кажа дека со вложувањето во Olu, неговата компанија, ќе стане дел од брзорастечкиот сектор на услуги, за превоз во Индија.
Со вредност од 531 милијарди долари, Tencent е моментално една од петте највредни компании на глобално ниво,. Го надминува Facebook , чија вредност се проценува на 519 милијарди долари. Но тоа и натаму е помалку од водечкиот Apple чија вредност изнесува 873 милијарди долари.