Најмладиот милијардер во светот е 27 годишен Ирец кој не завршил факултет

Нов рекорд е поставен во светот на милијардерите. Многу малку луѓе имаат слушнато или прочитано за компанијата Stripe, но двајцата млади основачи на компанијата John и Patrick Collison од Ирска, во моментов се главни ѕвезди во Силиконската долина.

Двајцата  браќа од Ирска со привремена работа во САД од неодамна се запишаа во листата на милијардери. Младиот John ја доби титулата најмлад милијардер во светот, ако се сметаат само оние чие богатсво го заработиле самите почнувајќи од нула. Со тоа му ја земаа титулата најбогат млад човек на основачот на Snapchat, Evan Spiegel.

“Луѓето ме прашуваат какво е чувството и очекуваат некој интересен одговор, но јас го немам. Па ме прашуваат како мојот живот се променил и како да очекуваат да им кажам некое ново стекнато необично хоби како на пример дека собирам Fabergé јајца” изјави Collison  за BBC. Но, успешниот млад Ирец, има просечен живот. Живее со својот брат во стан во Сан Франциско. Кога има време трча како што кажува тој, тоа е “многу практично хоби кое не бара многу”.

Компанијата Stripe, е основана во 2011 година. Не е позната како на пример што е Snapchat. Браќата Collison  измислија софтвер, кои на компаниите им го ослеснува плаќањето преку интернет и работењето преку интернет. Го користат најголемите компании како на пример Apple. Минатата година компанијата објави нова рунда за финансирање која беше проценета на 9,2 милијарди долари. Магазинот Forbes, ги процени секој од браќата на 1,1 милијарда долари.

Тие двајца пораснаа во едно ирско село. Уште како тинејџери во округот Tipperary, John и Patrick беа луѓе создадени за програмирање. После завршувањето на средно школа тие во градот Limericku за време на студирањето на факултет покажаа голема амбициозност. Биле многу љубопитни, и чуствувале голема потреба да отпатуваат некаде далеку од нивното родно место, и се одлучија за САД. Прв отиде Patrick.

Без разлика што немал никого од своето семејство или пријатели во САД, во 2007 година се пријавил на студии по математика на престижниот Massachusetts Institute of Technology. После две години и John го примиле на Harvard. ” Мене ми беше полесно затоа што Patrick го скрши ледот, но и двајцата имавме голема желба да отидеме во странство, јас размислував за Велика Британија. но тоа не ми беше доволно далеку. Двајцата бевме генијалци па идејата за заминување во некој голем американски факултет ни беше привлечна” изјавува John за BBC, во склоп на серијата млади перспективни луѓе “BOSS”.

Но и пред неговото идење за Harvard, браќата веќе станаа милионери. Благодарение на првиот деловен потфат, софтвер кои им овозможуваше на малите компании и поединечни продавачи полесно да работат на интернет на страната за продажба на eBay, таму браќата го заработија првиот милион. Компанијата се викала Auctomatic а ја продадоа уште во 2008 година само година дена после основањето, за пет милиони долари. Тогаш го свртеа кон Stripe.

Таа компанија беше голем подфат за браќата да останат на студии. Двајцата го прекинаа студирањето. И се преселија од источниот на западниот брег. И го основаа стартапот во Силиконската долина.

strpitesf__15

“Можеби се прашувате што е тешко кaj отворањето компанија на интернет. Да го создадете производот кои го сакате или неговото огласување? Сето тоа го можевме, но плаќањеот по пат на интернет се покажа исклучително тешко. Затоа развивме софтвер кои на компанијата им ја ослеснува наплатата и им oвозможува сигурно складирање на информации за клиентите односно втората програма за заштита”, објаснува John. (продолжува на страна 2)

error: Content is protected !!