Најмладиот милијардер во светот е 27 годишен Ирец кој не завршил факултет

Без разлика што конкуренцијата е силна Stripe, брзо расте. Во него вложија луѓе како Elon Musk, Peter Thiel, еден од основачите на PayPal.

Бизнис моделот на компанијата е многу едноставен. Се наплаќа провизија по трансакција. Stripe не објавува податоци за годишните приходи, но експертите ги проценуват на 9,2 милијарди долари, тоа покажува дека браќата отвориле профитабилен бизнис. Кога станува збор за идниот раст John е многу оптимист. Во светот само 5%  од купувањето и трошњето се прави online. Сакаме тоа да го промениме и додава “Се додека економијатa од интернет расте ќе расте и Stripe. Не знам што вие мислите но јас би се кладел”.

Од скромните почетоци до денес компанија е променета. Вработува 750 луѓе, од кои 500 во Сан Франциско, а 150 преку преку океанот. И се состои од канцеларии во Лондон, Даблин, Париз и Берлин. Браќата ги имаат поделено своите улоги. Постариот Patrick повеќе се занимава со инжинерство, а младиот John (27) склучува договори и партнерства со другите компании.

“Нашата вредност се темели на претпоставката дека ќе продолжиме да лансираме нови привлечни производи, во секторот каде има силна конкуренција. Тоа е само добар сигнал но имаме уште многу работа пред нас” кажува John. Patrick се сложува. “Колку и да не охрабрува овој успех, ова е се уште рана фаза во остварување на нашата цел. Некој од нас ако верува дека Stripe веќе успеал, тоа би го сметал за потенцијален проблем” заклучува Patrick.

error: Content is protected !!