ММФ: Поскап бензин и данок на имот заради зголемувањата на пензиите и субвенциите

Зошто ММФ не сугерира да се намали бројот на вработени во јавната администрација и да се укинат непотребните агенции? Кои претставуваат само трошок за компаниите и граѓаните. Е добро прашање, Бидејќи порано ММФ беше тој што сугерираше намалување на бројот на вработени во јавната адмиснистрација.

Меѓународниот монетарен фонд предлага да се зголемат даноците на горива и на имот, како дел од мерките за зголемување на приходите на државата за да може да се компензира за зголеменото трошење на пензии и субвенции изминативе години. ММФ, во извештајот за Македонија , сугерира веднаш да се почне со консолидација на фискалната политика со мерки на страната на приходите, но и на страната на расходите.

Покрај зголемените даноци, ММФ препорачува поефикасна наплата на данокот на додадена вредност, за која што ММФ вели дека е пониска од земјите во регионот на Западен Балкан, како и намалување на нетаргетираните субвенции, посебно во земјоделскиот сектор.

„Фискалната експанзија во изминативе години беше придружувана со повисоки пензии и субвенции. Консолидацијата треба да почне без одлагање, преку поефикасно собирање на ДДВ, рационализација на субвенциите, пензиски реформи и повисоки даноци на горива и имот. Овие мерки ќе осигураат фискална одржливост и ќе помогнат да се обезбедат големите инвестициски потреби во инфраструктура и човечки капитал“, се вели во извештајот на ММФ.

За монетарната политика, ММФ вели дека засега е соодветна, но ќе биде потребно затегнување ако инфлацијата почне да расте рапидно. Финансискиот сектор, според ММФ, е добро капитализиран, ликвиден и профитабилен.

Зошто ММФ не сугерира да се намали бројот на вработени во јавната администрација и да се укинат непотребните агенции? Кои претставуваат само трошок за компаниите и граѓаните. Е добро прашање, Бидејќи порано ММФ беше тој што сугерираше намалување на бројот на вработени во јавната адмиснистрација.

error: Content is protected !!