Пратениците изгласаа зголемување на акцизата за дизел по скратена постапка

На собраниската седница пратениците ги изгласаа измените во Законот за акцизи, со кои од Нова година ќе се зголеми акцизата за дизелот. Од 72 пратеници кои гласаа, 47 беа „за“, а 25 „против“. Зголемувањето ќе биде за 3 денари по литар, односно од сегашните 12,1 денар ќе биде 15,1 денари по литар.

Но, кога ќе се  додаде и ДДВ поскапувањето ќе биде над 3,5 денари по литар. Без разлика што некои владини претставници пробаа да ја бранат оваа мерка изминатиов период, реакциите од граѓаните и компаниите беа жестоки.

error: Content is protected !!