Нобеловците со дрва и камења по Bitcoin

Добитниците на Нобеловата награда за економски науки, од минатата недела наваму не престануваат да го критикуваат bitcoin, криптовалутата чија вредност се движи накај 11 000 долари.

Најтешка изјава дојде од Нобеловецот Joseph Stiglitz кој рече дека Bitcoin треба да се забрани.

“Bitcoin е успешен само поради потенцијалот кој го има поради анонимноста” изјави Stiglitz додавајќи дека таа криптовалута не е ни социјално корисна.

Robert Shiller, исто така нобеловец, апелираше на инвеститорите да бидат претпазливи бидејќи bitcoin нема поддршка ниту од влада ниту од финансиски регулатори.

“Тоа е таква прекрасна приказна. Уште само кога би била вистинита” изјави тој на една конференција во Литванија.

Директорот на Goldman Sachs,  Lloyd Blankfein кажа дека таа валута е исклучиво средство за измами. Додека милијардерот Carl Icahn тврди дека станува збор за меур.

Но од почетокот на 2017 година до декември вредноста на bitcoin порасна за неверојатни 900%.

Инаку мора да се напомене дека Joseph Stiglitz  и Robert Shiller се кејнзијанци. Инаку и ден денес се памети изјавата на Paul Krugman од 1998 година ” До 2005 или така нешто ќе биде јасно дека влијанието на интернетот врз економијата нема да е ништо поголемо од факс уредот”.  Многу точна прогноза …

error: Content is protected !!