Извозот пораснал за 16,9% а увозот за 12,2% за периодот јануари – октомври 2017 година

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – октомври 2017 година, изнесува 4 657 736 илјади САД долари и бележи пораст од 16.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 246 066 илјади САД долари, што е за 12.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2017 година, изнесува 1 588 330 илјади САД долари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – октомври 2017, изнесува 74.6%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – октомври 2017 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Please follow and like us:
0
error: Content is protected !!