Се намалила невработеноста во Македонија за третиот квартал во 2017

Стапката на невработеност во Македонија изнесува 22.1% во третиот квартал оваа година, а во вториот квартал оваа година стапката на невработеност изнесува 22,6%,  а во третиот квартал во 2016 година невработеноста изнесувала 23,4%, што значи на годишно ниво невработеноста се намалила за 1,3% процентни поени.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во III квартал од 2017 година активното население во Република Македонија брои 954 814 лица, од кои вработени се 743 451, а 211 363 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56.8, стапката на вработеност 44.2, додека стапката на невработеност изнесува 22.1%.

error: Content is protected !!